Home / Спортски настани / Спортски настани / Ке заплови правата Гемија

Ке заплови правата Гемија

Извршниот одбор на здружението  Вардарска регата “Гемиџии“ почитувајки ги делата на нашите млади сограѓани кои пред 110 години ги положија  своите животи за актуелизирање на македонското прашање, донесе одлука да ја промовира правата Гемија со кои Гемиџиите заминувале и носеле роба за тргување  во Солун.  Истражувајки по историјата пронајдени се фотографии на правиот модел на Гемијата. Па така во оваа година во која што  се прославуваат 110 години од делата на Гемиџиите и 15тата модерна Вардарска регата, извшниот одбор донесе одлука да се изработи гемија со вистински лик, автентична на првите гемии. Гемијата ке биде долга околу пет и и половина  метри, широка околу 3 метри. Во предниот дел од истата се наога клунест дел под агол од 30 степени, а истата ќе се управува со неколку весли во поставени во задниот и предниот дел од гемијата. Се надеваме дека истата ке биде изработена, а нашите сограѓани ке ја видат на 27 јуни 2013 година кога гемијата треба и да заплови во Вардар од култното место за Гемиџиите – Малото мовче во центарот на град Велес.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu