Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Извидниците од Велес први на празникот на Скопје

Извидниците од Велес први на празникот на Скопје

На покана на ИО “Браќа Миладиновци“ од Скопје,а во рамките на прославата по повод ослободувањето на град Скопје, извидниците од нашиот одред  земаа учество на   извидничките средби “Младите за својот град 2010“. Средбите беа организирани во градскиот парк на т.н. “ШКОЛКА“  на 13 ноември  оваа година. Нашиот одред учество земаа две патроли, а на средбите учествуваа патроли од ледните извиднички одреди:  ИО “Методи Митевски -Брицо“, ИПО “Галеб“, ИПО “Јадран“ ИО “Илинден“ и ПСИО сите од Скопје. Програмскиот дел на средбите имааше карактер на полигонски натпревари поделени во две категории на помлади извидници и извидници. Благодарение на големите подготовките на нашите извидници, истите ги  поминаа  полигоните без големи потешкотии и пречки. Во поединечна конкуренција, нашата прва одредска патрола „ЛОШИ ДЕЦА“ го освои првото место во состав: Благој Ѓорчевски, Виктор Таневски, Душица Тевчева и Димитар Караџолов. Овие средби беа едни од поквалитетните  каде  што уествувал  нашиот градски извиднички одред и со ова докажавме дека извидништвото во Велес сеуште живее!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu