Home / Спортски настани / Спортски настани / ФК Борец прв во трета лига – југ

ФК Борец прв во трета лига – југ

Најстариот велешки фудбалски лигаш, ФК „Борец“ со 75 бода, во 30 натпревари е првак на Третата лига југ. Во саботата се одигра последното 30-то коло по кое и официјално велешките фудбалери го добија пехарот за освоеното прво место во изминатата сезона. За ФК „Борец“ да учествува во втората фудбалска лига потребна е победа на претстојниот бараж натпревар. Тој ќе се игра на 12 јуни (Среда), на неутрален терен кој ќе го одреди ФФМ. Честитки за постигнатиот успех од името на Општина Велес на фудбалерите и раководството од „Борец“ денес им изрази и градоначалникот Славчо Чадиев. Тој истакна дека оваа генерација фудбалери на „Борец“ ја оправда славата на ветераните во фудбал од градот, покажа дека култот кон најважната споредна работа, се одржа во градот на Гемиџиите со многу, многу работа, со особени заложби на раководството, тренерот но најмногу со многу волја и желба за успех на фудбалерите. –„Добиениот пехар за најуспешни во сезоната и тоа со 20 бода предност е подвиг за сите, успех за Вас, а радост за навивачката група што со срце ги следи сите Ваши натпревари и радост за бившите и актуелните спортисти бидејќи ја отвора вратата на надежта Велес да го понесе приматот во Македонија на Град на спортот. Горди сме на Вас и затоа напорите што ги правиме за да ги подобриме условите за спортување во Велес се навистина огромни. Но кога се настапува упорно, со аргументи и со желба се стигнува до целта. Вие стигнавте до третата лига, а ние до стадионот. Овој прием ќе го искористам за да Ви ја соопштам Одлуката на Владата на РМ со која правото на сопственост на стадионот и се пренесува на Општина Велес. Мислам дека ова е најубавата честитка за Вашиот успех. Нам ќе ни претстои многу работа за да го уредиме и реконструираме Градскиот стадион , а Вам борба во баражот за влез во втората лига. Единствено што можам да Ви кажам е да верувате во себе, во својата енергија и чесна игра, а победата ќе си дојде сама по себе. Имате планови да стигнете до врвот, имате цел, а луѓето со цел пред себе стигнуваат далеку. Ви посакувам успех и да се видиме на прославата по победата во баражот.” – истакна градоначалникот Славчо Чадиев

 

превземено од: https://www.facebook.com/pages/Општина-Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*