Home / Спортски настани / Спортски настани / Достоен пречек на велешките ракометари

Достоен пречек на велешките ракометари

Велес слави, велешани се радуваат. Достојно како што наликува за секој заслужен граѓанин, ги пречекаа нашите ракометни херои Влатко Темелков и Деан Манасков. Стотици велешани пред општинската зграда  се фотографираа со нивните миленици. Им честитаа за нивната пожртвуваност на теренот и успехот што го постигнаа.
„Импресиите се најголеми затоа што направивме историски успех. Сите утакмици ги одигравме на највисоко ниво со четири победи и два порази. Игравме со веле светски сили иако првенството беше европско. Сите ги надигравме и заслужно го освоивме петтото место”, рече Влатко Темелков.
„Во тие моменти кога се кршеа резултатите малку попуштивме, но веднаш потоа го надминавме тоа и продолживме со сите сили да победиме“, рече Дејан Манасков.
Едниот искусен ракометар, другиот на почетокот на кариерата, но и двајцата клучни играчи на македонската репрезентација. Играа рамо до рамо со најголемите светски ракометари, гинеа на теренот и на Македонија заслужено и го донесоа епитетот ракометна веле сила.
„Очекувањата сега се многу големи. Знаме што и како играме. Ќе дадеме се од себе и можам да кажам ветам само дека на олимписките квалификации ќе влеземе 100 посто и мислам дека имаме големи шанси”, рече Темелков.
„Одиме во Лондон”, рече Манасков.
Големиот успех на европското првенство и пласманот на Олимписките игри, сега за Темелков и Мансков се мотив повеќе за уште подобра игра на ракометниот терен.

Превземено од  www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*