Витамини

Витамините се од огромно  значење за животот на човекот.Токму затоа во овој текст  ке биде преставено влијанието на Б-витамините врз здравјето на луѓето. Иако се внесуваат во мали количини, тие се мошне важни за животот на една индивидуа.  Секој  од  витамините од Б групата има своја уникатна , биолошка улога во организмот, па затоа во темата ке бидат обработени поединечно витамините Б-7, Б-8 ,Б-9 ,Б-12 ,Б-13  и витаминот Б-15. Витамините се хранливи материи кои што не се разградуваат во  организамот.но сепак заедно со белковините мастите и шеќерите се искористуваат  скоро во секој дел oд телото. Витамините (латински: vita-живот) се комплексни соединенија со различна  хемиска природа, кои, како што кажува самото име, се мошне важни за животот  на една индивидуа. Поточно, тие во многу мали количини се потребни за  растењето, нормалното функционирање на клетките и ткивата и општо, за одржување на здравјето. Растенијата и некои микроорганизми се  способни сами да гисинтетизираат витамините, додека животните мора  да ги внесуваат со храната. Витамините се среќаваат во две основни форми:  активна (дејствуваат веднаш во организмот) и неактивна (за да дејствуваат, треба да се активираат). Повеќето витамини, животните ги внесуваат во активна форма,  но има и такви, како витамините A и D кои се внесуваат во организмот во неактивна форма. Витамините во неактивна форма се означуваат како провитамини.  Сите витамини растворливи во вода, освен витаминот C,  влегуваат во структурата на одредени ензими како коензими.  Делумниот недостиг на определен витамин во организмот се нарекува
хиповитаминоза, додека целосниот недостиг-авитаминоза. Меѓутоа, и преголемата  застапеност на одреден витамин во организмот е штетна, состојба означена  како хипервитаминоза. При различните хипо-, а- или хипервитаминози,  доаѓа до различни нарушувања на организмот. Витамините се делат на витамини  растворливи во вода ивитамини растворливи во масти.

Зошто ни се потребни витамините Б?
Секој  од  витамините од Б групата има своја уникатна ,  биолошка улога во организмот. Но како гупа овие витамини имаат  многу заедничко.тие во телото дејствуваат заедно, како комплекс и  многу од нив се застапени во иста храна.Витамините Б се искористуваат  скоро во секој дел на телото како коензими (клучни компоненти на ензимите). Тие се особено важни за одржување на здрави нерви, кожа, коса, очи, џигер и уста.  Исто така го помагаат и согорувањето на јаглените хидрати, со што се создава глукоза.  Тоа му дава енергија на организмот.Различните истражувања пронаоѓаат нови и нови  функции на витамините Б. Така, докажано е дека Б комплексот има огромна улога за  нормално функционирање на нервниот систем. Експертите сметаат дека внесувањето на  поголеми количества витамини Б помагаат во лекувањето на полесни форми на депресија,  анксиозност, раздразливост и слабо паметење. Голем број на доктори користат поголеми  од препорачаните дози на Б комплекс за успешно лекување на шизофренија и други психички растројства.

Како да познаеме недостиг на витамините Б?
Витамините Б се комплекс од различни витамини, па затоа и симптомите при нивен  недостиг се најразлични. Некои од тие симптоми се:
•    Анемија;
•    Депресија;
•    Загуба на апетит;
•    Болки во стомакот;
•    Грчеви во мускулите;
•    Опаѓање на косата;
•    Неправилности во развојот на фетусот кај бремените жени.

Во кои храни се застапени витамините Б?
Витамините Б можете да ги внесувате преку различните додатоци како мултивитамините.  Витамините Б најмногу се застапени во зрнестите храни како пченица, ориз, овес,  ’рж и во џигерот. Исто така се среќаваат и во зеленчуците со зелени лисја,  месото од домашни птици, рибата, јајцата, јаткасти плодови и гравот.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu