Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Дали децата од село се по здрави ?

Дали децата од село се по здрави ?

Сведоци сме на зголемената грижа за здравјето на сите жители на планетата.  Оваа грижа опфаќа се повеќе категории кои воопшто и не биле во фокусот на вниманието. Алармантни ситуации на состојби со здравствени проблеми се објавени во изминатите години, а кои покажуваат на големи  срцеви болести дури и кај деца од мала возраст и големи појава на проблеми од зголемена телесна тежина.  Овие категории на граѓани се поставуваат во прв план во борбата за чување и унапредување на здравствениот статус. Кога се зборува за здрави деца, честопати се споменува и животното опкружување како значаен фактор за нарушување на општата здравствена состојба, со мало меланхолично сеќавање на старите генерации “како животот на село овозможуваше разни содржини и не принудуваше да бидеме физички активни, за разлика од денешните деца и  млади кои се изгубени во градскиот живот, помеѓу зградите, хаусторот и замрачените соби опремени со компутер …“ Неодамна е објавена студија која ни укажува на споменатата констатација за животот на село дека сосема е на место.  А до тоа е дојдено преку испитување на 2500 примероци на деца- испитаници во Шпанија, каде се ипитувала и утврдувала разликата на физичките способности и нивото на зголемена телесна тежина на градски и селски деца. Резултатите од истражувањето покажале дека децата од село се одликуваат со значајно подобра аеробна способност и и големи параметри на силина, како и значајно мали вредности на преваленција од зголемена  телесна тежина, споредено со децата од град. По се изгледа дека градската средина е изразено не атрактивна за изразување на моторичките потенцијали на децата и младите за определени физички активности.  Со ова се наметнува и една крајна цел – за  зачувувањето на здравствената состојба на децата и младите , пожелно е и треба да се размисли за некоја нова миграција , но овој пат од град кон село ! Истражувањето е објавено во септемвриската ревија на списанието Journal of Science and Medicine in Sport за 2011 година.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu