Home / Индивидуални спортови / Останато / Опрема за пинг-понг играта

Опрема за пинг-понг играта

За реализирање на пинг понг играта потребна е опрема, а тоа е: топката, таблата за играње или т.н. маса за пинг понг со мрежа и рекетот.

Топка: Според меѓународните правила и за спецификата на играта се игра со 2,7 грамска топка со 40 милиметри дијаметар димензија.Според правилата топката мора да исполнува одредени карактеристики како на пример: топката која е фрлена од висина 30см. на масата за пинг-понг мора да се одбие од масата на висина 20см. и нејзиниот коефициент на отпор од воздухот треба да е 0,8мм. Во 2000та година после олимписките игри,е воведена димензија на 40 милиметарска топка.Меѓу тоа овие промени доведоа до доста контрадиктирности во одредени меѓународни селекции како на пример Кинеската која сметаше дека таа промена ќе се одрази кон нејзиниот квалитет и успех.Топката е направена од Целуилит кој има голем коефициент на скокање-одбивање од површината која е обоена со оранж,бела или сребрено метална боја.Изборот на бојата на топката е битен поради забележителноста.Секоја топка мора да има стандард,ѕвездите испишани на таблата го карактеризираат квалитетот на топката,трите ѕзвезди значат дека топката исполнува стандард за да со неа може да се играат интернационални мечеви.

Табла: Таблата има димензии од 2,47 метри должина и 1,525 метри ширина. Секоја табла е висока од тлото 76 см. Масите се прават од масонит,тоа е еден вид на повеќе слојна штица кај која секој слој е залепен под висок притисок.Секоја маса е обоена соодветно,поделена е на два дела на средина со мрежа. Мрежата која е поделена таблата висока е 15,25 см, таа штрчи бочно од страните на масата 12,25см. Бојата на површината на таблата е стандардно темно сина.

Рекет: Рекети претставуваат реквизити со кои се удира по топката која играч ја држи и се служи во текот на целиот меч со него како ударно средство. Секој рекет претставува ламинатна површина покриена со гумено-сунгереста маса од двете страни кои се залепени за самата страна. Правилата на таблениот тенис се однесуваат и за самата површина на рекетите.Обично површината на рекетите не е иста од двете страни на рекетот и немаат иста намена и карактеристики. Различните страни на рекетот на топката и задаваат различен спин односно вртлив момент и брзина на самата топка.Со овие карактеристики на играчот му е овозможено да манипулира со топката по своја желба. Според правилата на ИТТФ една страна на рекетот мора да има темна црна боја,а другата мора да има црвена боја според својата намена.Според стандардите на ИТТФ во текот на една игра односно натпревар играчот нема право да го замени рекетот доколку се оштети додека не заврши мечот-сетот.
Површината на рекетот – гумениот слој може да има пипци, може да има цела мрежа на дупки низ гумата со што коефициентот на триење на гумата значително се зголемува. Површината е направена воглавно од два слоја,едниот слој е внатрешен кој е направен од мек сунгер кој служи за кога ке ја прими топката да го амортизира ударот и да ја намали брзината на топката. Другиот слој претставува гумена материја со доста голем коефициент на триење која кога ќе се удри гумата да и зададе вртлив момент со што топката ќе го менува својот правец на движење.Повеќето играчи користат Рекети кои имаат доста мазна површина бидејќи тие се отпорни на топки со голем спин.Сериозните професионални играчи користат рекети кои сами ги инпровизирале,бланко рекети без никаква површина и во однос на тактиката на противникот ставаат подлога.
Во 80-те години била воведена нова техника во играње каде играчите користеле смеса-гел која го неутрализирала гелот,а со што на топката и завало екстремно брзо движење.Последен пат рекетите кои се инпровизирани и на кој бил нанесен гел биле користени во олимписките игри во Пекинг,додека не биле забранети за употреба за наредните олимписки игри во 2012 година.
Рекетите имаат различни видови на површини :
•    инвертирани (не кинески) се стандардни највеќе користени површини.Површината е мазна на која се наметнати мали гумени пипки со кој се овозможува да се генерира висок степен на спин и брзина.Спинот е генериран не само од пипките туку и од меката сунгереста внатрешност со која се зголемува допирната површина.
•    инвертирани (кинески) кинески површини се слојни и имаат леплива површина.Спинот е генериран делимично од површината,а највеќе зависи од начинот на удирање на играчот.Рекетите со вакви површини за офанзивни игри но многу малце се отпорни на брзи топки.
•    површини со кратки пипци се површини на кои се нанесени,налепени пипци кои имаат доста кратка должина помала од ¼ мм.Вакви рекети со вакви површини се користат за играње која е во рамките на самата табла-блиска игра.Оваа површина може да генерира голем спин,но меѓутоа со вакви рекети може да се неутрализира топката која има голем спин.
Површини со голем спин: Ваквите површини имаат доста големи пипци.Тие не се во можност да генерираат било каков спин,но овој тип има контра ефект за дојдените спинови имено доколку дојде некоја топка со голем спин,играчот кој ја удира топката и пипците создаваат контра спин.Површината со вакви пипци обично се користи бекхенд односно самоодбрана и возвраќање на ударот. Анти-спин рекет излгеда мазно но во основа има ребрасти карактеристики,овој рекет не може да генерира голем спин.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu