Home / Индивидуални спортови / Останато / Начин на играње на пинг-понгот

Начин на играње на пинг-понгот

Таблен Тенис односно пинг – понгот претставува спорт во кој двајца односно пар по двајца играчи ја удираат топката со реквизити – рекети.Играта се игра на табла која е поделена со мрежа на средината. Играчите мора да ја пратат со поглед топката и да ја удираат ендаш со што топката се одбива од таблата и се враќа во поле на спротивниот играч.Се поентира доколку еден од играчите не се придружува кон правилата кои во наредниот текст ќе ги изнесеме.Играта е доста брза и динамична со доста брзи реакции. Правилата и нормите за играта се носат во меѓународната таблена-тениска федерација – ИТТФ (интернационална таблена-тениска федерација) основана во 1962г .Од 1988 пинг-понгот зема учество и во олимписките игри.

Начин на играње
Во највисоко рангираните натпревари сервирањето се бира со фрлање на паричка. Во пониските класи,еден од играчите ја крие топката во едната рака под таблата за играње и доколку противникот погоди во која рака е топката тој не сервира. Друг начин на бирање на сервисерот е фрлање со рака на топката со што стартно започнуваат да се игра.

Сервирање
Во играта серверот ја сервира топката со цел да постигне поен со што во исправена стоечка позиција на крајот од линијата на таблата со една рака (претежно со лева рака) ја држи топката а со десната рака рекетот.Играчот со едната рака ја исфрла топката која лета во вертикална положба,тој не смее да ја удира топката додека таа не ја постигне максималната висина од 16cm од местото на исфрлање на раката.Многу играчи не се придружуваат кон ова правило и такво вид на сервирање не е признаен.
Кога ќе се удри топката мора да удри на местото на површината на таблата при што треба да отскокне и да ја прескокне мрежата,доколку при сервирањето на топката не удри на својата половина и не премине на спротивната страна тогаш се губи поен.
Сервисерот мора да сервира со рекетот од страна од своето тело пти што треба да се има чист видик дали сервисерот нормално ја сервира топката и при сервирањето не смее да го користи своето тело.Доколку сервисерот ја удри мрежата при сервирањето но топката сепак помине во спротивната поливина тогаш тој ефект се вика НЕТ и се повторува сервирањето без да биде досуден пенал.Кога се сервира топката и доколку сервата е добра таа треба да удри во својата па во спротивната половина,но доколку при удирањето на топката во својата половина спротивниот играч ја удри пред да падне на половината се смета како потег на лошо изведена серва и сервисерот мора да ја повтори сервата.

Удирање на топката
Секој удар на топката мора да е направен односно удрен со рекетот,секоја удрена топка мора да ја прескокне мрежната препрека на половина табла при што претходно мора да удри еднаш на сопствената површина и да падне на спротивната.Забрането е топката да се удира со рака или со било кој дел од телото или предмет освен со рекет.

Поентирање
Играчот во секој следен чекор кој ќе го направи губи поен,а соиграчот од спротивната страна поентира.
– доколку се дозволи топката која се враќа да удри на сопствената половина;
– доколку два пари се удри топката во текот на враќањето;
– дозволувајќи да се удри топката со било што освен со рекетот;
– кога се враќа или сервира топката да не удри ниту еднаш во спротивната половина;
– наслонувајќи се со едната рака на површината на тавлата;
– правење грешка при сервирање;
– при удирање да се допре мрежата или таблата;
– при промашување на таблата кога се враќа сервата или ударот.

Алтернативни сервирање
Сервирањето се менува во текот на играта на секои два поена се додека еден од играчите не стигне до скор од 11 поени.Доколку играчите имаат израмнет скор од по 10 поени,тогаш се игра на два поени разлика при што после 11 поен сервирањето го врши играчот кој изгубил поен. Во сервирањето кога е во прашање тимското играње по двајца,сервирањето го започнува играчот кој секогаш се наоѓа од крајната десна страна од таблата.На крајот на секој два поени сервисерот станува пранител на сервата.   

Играње во тим
Како додаток на играње еден со еден е и играње во тим,во пареви по двајца играчи.Поентирањето е исто како и предходно наведеното освен што тука се наметнува правилото дека кога сервисерот ќе ја упати топката кон спротивната лева површина губи поен.За да се олесни претпонатливоста на страните и поделците на таблата таа со бела линија е поделена помеѓу тимовите така да мрежата и белата линија ја делат таблата на четири дела.Играчите не смеат после едно удирање повторно последователно уште еднаш да ја удрат топката при тоа губат поен. Доколку една од страните поведе со стартна разлика од 5 поени спрема 0 поени тогаш се смета дека сетот завршил и се сменуваат страните од таблата да се игра нареден број на сетови кои според правилата на ИТТФ се вкупно седум сета. Во 1988 година е воведено играње во пареви на олимписките игри заедно со поединечно играње.Од 2008 година од игрите во Пекинг се прекинува играње поединечно само ќе се презентираат и играат тимските игри во двојки и за мажи и жени.

 

 

проф. Ангелче Гушев

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu