Home / Спортски настани / Спортски настани / Четврти пат во спомен на Тони Виларов

Четврти пат во спомен на Тони Виларов

Повеќе од  50 активни и поранешни кошаркари в недела ќе учествуваат на четвртиот по  ред меморијален турнир „Тони Виларов 2011″. На турнирот, во спортската сала „Гемиџии” ќе се одиграат два натпревари. На стартот во 10:30 ќе се сретнат екипите на Борец баскет и Кавадарци, додека во 12:00 силите ќе ги одмерат репзеренацијата на Македонија за ветерани  против Б-репрезенатацијата за младинци до 21 година.  Од организациониот одбор очекуваат добри натпревари, во кој резултатот нема да биде во преден план, туку оддавањето почит на Тони, кошаркарот кој повеќе од  10 години го носеше дресот на велешки Борец, Жито Вардар, Велес 2000,  и во својата кариера даде значаен допринес во успесите но и развојот на овој спорт во градот.  Покрај натпреварите, организаторите најавуваат изненадување на гладачите. Засега непотврдено, но се шпекулира дека на турнирот можно е да присувствува некој од македонските кошаркарски репрезентативни. Најмногу се споменуваат  имињата  на Тодор Гечевски и Перо Антиќ.

 

Превземено од: www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu