Велес си го врати градскиот стадион во сопственост. Пред три дена (на 17.06.2013 година) Владата и го даде овој спортски објект на Општината на трајно користење. Во локалната самоуправа се среќни што по десетгодишна борба државата, Велес конечно може да управува со градскиот стадион, кој е во многу лоша состојба. „Уште денес дадовме налог да се санира најнапред опасноста што демене од дрвата склони на паѓање – значи ЈКП „Дервен“ да ги исече дрвата, да ја искоси тревата и да го ослободи појасот околу оградниот ѕид за да може да се отстранат најнапред деловите склони на паѓање, а потоа и целиот ѕид да се замени со нов. Убаво ќе биде ако во соработка со младите уметници на Велес на надворешниот дел од новиот ограден ѕид му се даде и посеба убавина. Една по една ќе се преземаат сите активности на стадионот по приоритети неопходни за негово функционирање. Веќе знаете дека сме дел од проектот за поставување вештачка трева. Дел со проекти, дел со сопствени сили ќе направиме напори да ги средиме и трибините, соблекувалните, тартанот на атлетската патека, се со цел да овозможиме стадионот да исполни стандарди со кои ќе бидеме конкурентни за организирање меѓународни натпревари“.
превземено од: 5fm.mk