Најстариот фудбалски клуб во Велес, ФК “Борец“ со 3:0 во бараж натпревар, во кој единаесетмината фудбалери доминирале на теренот и го надиграле противникот ФК Кораб од Дебар, нашио ФК Борец стана второлигаш. Стрелци на головите се Тодоровски во десетата, Чоков во четириесет и третата и Левков во шеесет и петтата минути. Натпреварот се одигра во Битола на стадионот под Тумбе кафе каде фудбалерите од Велес го имаа верниот дванаесетти играч, на трибините. Таму беа околу илјада гледачи а меѓу нив и навивачката група Гемиџии, кој што со четири автобуси пристигна во Битола. Првото место во Третата лига југ за ФК Борец значи дека од есен ќе се натпреварува во втората лига со уште други 16 клубови од Македонија.
проф. Ангелче Гушев