За оваа Олимпијада во Велес долго ќе се зборува и раскажува. Доживеавме Велес да има свој преставник на Олимписките игри во Лондон. Тоа е Кристијан Ефремов атлетичар преставник на „Кралицата на спортовите“ тој е дипломиран информатичар , скромно момче кое се радува поради блиската средба со спортската елита.Ефремов ќе учество во трките на 400 метри, ќе трча на 4 август,околу 11.00 часот. Неговиот личен рекорд на 400 метри е 48 секунди и 26 стотинки. Во Лондон, очекува да го подобри овој резултат. Денес градоначалникот Горан Петров го прими Кристијан Ефремов и му посака успех од свое име и од граѓаните на Општина Велес за учеството на престојната олимпијада .Освен матријална помош му подари и знаме на општината како знак дека градот и граѓаните будно ќе го следат и храбрат, во неговата борба за подобар успех . Кристијан му се заблагодари на градоначалникот Горан Петров за поддршката и вети дека ќе се потруди достојно да ја претстави Р.Македонија и родниот Велес.
Превземено од veles.gov.mk