На тој начин, посочи директорот на агенцијата Поповски, ќе се стимулираат младите да минуваат повеќе и поквалитетно време во училишните спортски сали. Во петгодишната Програма за развој на спортот која ја изработува АМС, а ја носи Владата на Република Македонија, опфатени се седум приоритети за развој на спортот и 15 стратешки цели. Работата на професорите и наставниците по физичко воспитување треба да се издигне на повисоко ниво. Квалитетот на часовите по физичко воспитување веќе е под лупа. Кон крајот на месец јануари, премиерот Груевски јасно посочи дека Владата формираше специјална група составена од експерти по физичка култура и образование и од надлежните институции во државата која ќе се осврне на квалитетот на часовите.
– Има многу професори и наставници по физичко образование што многу професионално и совесно си ја вршат работата и ги учат децата за сите спортски дисциплини и вештини, посветени се и работат со нив, се обидуваат секое дете да го научат да биде подобар спортист и да научи подобра вештина. Но, има и такви кои се целосно незаинтересирани и не ги следат програмите или народно кажано ќе им ја фрлат топката на децата на час по физичко образование и ќе одат да си бркаат друга работа. Тоа не е добро, додаде Груевски.
Беше воведен и трет неделен час по физичко воспитување, но се планира и воведување на четврт. Бројот на часови, рече Поповски, сепак не ни е најважната цел, туку нивниот квалитет и вештините кои учениците ќе ги добијат од истиот.
Превземено од www.kurir.mk