Home / Спортски настани / Спортски настани / Петар Виларов избран за најдобар спортист на годината во категоријата младинец

Петар Виларов избран за најдобар спортист на годината во категоријата младинец

Младиот велешанец Петар Виларов-по втор пат избран за најдобар спортист на годината во категоријата младинец. Општинскиот сојуз на спортови-Куманово на  манифестацијата за Избор на спортист на годината  на град Куманово, одржана на 10.03.2012 во ресторантот „Грација”  во Куманово  му додели Диплома на  велешанецот Петар Виларов за најдобар  спортист – младинец на град  Куманово во изминатата 2011г. Младиот кошаркар Петар Виларов  игра за тимот на  КК Куманово  2009, и успешно настапува во Првата Македонска Кошаркарска Лига,  а истовремено игра и за  тимот на Борец-Баскет од Велес, во Втора Кошаркарска Лига. Ова е втора Диплома на перспективниот спортист -кошаркар Петар Виларов,  кој Сојузот на спортови и Општина Велес го  прогласи за   најдобар спортист на град Велес во категоријата младинец во 2010 година. Успешноста на овој млад спортист е  плод на неговата талентираност  и истрајност во напорните тренинзи и  поттик и за понатамошни негови успеси.  Во моментов Петар Виларов тренира и со кошаркарската селекција на Р.Македонија,  со  генерацијата 1992 и 1993 година. Искрено упатуваме честитки до овој наш млад сограѓанец  и му посакуваме  уште многу успеси во иднина со кои ќе се гордееме сите!

 

Превземено од www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu