Во рамките на активностите поврани со патрониот празник на СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ од Велес, се одржаа спортски натпревари за вработените од средните училишта од градот и средношколскиот интернат во Велес. Натпреварите се организираа на 21.12.2010 год (вторник) и тоа во футсал и пикадо. Екипите во футсал беа формирани од по седум колеги, а додека пак екипите во пикадо беа формирани од по осум колеги (4 машки + 4 женски). Во футсал најдобри беа вработените при Гимназијата “Кочо Рацин“, а во пикадо вработените од СОУ “Димитрија Чуповски“. Вработените при ССОУ “Коле Неделковски“ беа трети во двете дисциплини.
Ангелче Гушев, проф. по спорт и спортски активности