Контранапад

Контранападот претставува брзо поминување на еден или повеќе играчи од одбрана во напад, како последица на губењето на топката од страна на противникот, независно од системот на одбрана,  а се разбира на изненадување на противникот. Успехот на контранападот зависи од искуството, брзината, ефикасноста и реализација. Добро осмислен контранапад придонесува за постигнување на лесен погодок, затоа што не се доага во контакт со противникот. Контранападот може да се изведе директно или со посредство на друг играч.

ДИРЕКТЕН КОНТРАНАПАД
Оваа форма на контранапад претставува додавање на топка директно на играч, кој ќе го изведе ударот на гол. Додавањето може да го направи ученикот кој ја освоил топката од противникот или од голманот. Во повеќе случаи, контранападот  започнува со додавање на голманот, во продолжение ќе го биде објаснет овој вид на контранапад. Од моментот кога голманот доага во посед на топката последниот страничен одбрамбен играч во спринт трча покрај аут линијата, свртен со поглед кон голамнот. Голманот предвидувајќи го правецот на трчање и брзината на соиграчот, му ја додава топката. По приемот на топката, која доага бочно и од позади, играчот продолжува да трча со голема брзина, се доближува до противничкиот гол и го  изведува ударот во голот.

КОНТРАНАПАД СО ПОСРЕДСТВО НА ДРУГ ИГРАЧ

Постојат повеќе ситуации кога голамнот не е во состојба да го започне директниот контранапад. Една од причините може да е таа што  противникот веќе превзел соодветни мерки за спречување на контранападот , или пак голманот нема поволен агол за отпочнување на контранападот. Во таква ситуација, голманот ја додава топката на својот најдобро поставен соиграч, кој го започнува контранападот. Се препорачува играчот, со чие посредство се изведува контранападот, да биде поставен дијагонално со играчот кој треба да го реализира контранапдот.

ТЕХНИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОНТРАНАПАДОТ:
За успешна реализација на контранападот потребни се следните елементи:
– одземање на топката од противникот
– експлозивен старт со брзо трчање на 20-25 метри
– прецизно додавање на топката од страна на голманот
– прием на топкта која доаѓа од позади
– водење на топка
– изведување на удар на гол

 

Ангелче Гушев, проф. по спорт и спортски активности

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu