Home / Спортски настани / Спортски настани / 300 минути фудбалско шоу

300 минути фудбалско шоу

,, 300 минути фудбалско шоу ,, е насловот на манифестацијата што утре со почеток во 14.часот ќе се одржи во спортската сала ,, Гемиџии,,.

Велешани ќе имаат можност да проследат несекојдневен настан. Новинари, полицајци, советници, функционери, свештеници ќе си ги одмерат силите во фудбал. Но победник нема да биде онаа екипа што ќе даде најмногу голови туку онаа што ќе биде најатрактивни и ќе направи најдобро шоу.

„Натпреварот ќе почне во 14 часот. Ќе настапат повеќе екипи од мешан состав Но меѓу натпреварите граѓаните ќе имаат можност да се релаксираат и со неколку минутни музички точки. Се на се тоа ќе биде еден настан во кој сите ние ќе се дружиме, воедно ќе се забавуваме и ќе бидеме претставени во еден поинаков агол“, рече Томе Јаневски.

Два пати по десет минутно фудбалско шоу прво ќе покажат екипите на медиумите и функционерите. Потоа следуваат велешките глумци против советниците, па општинската администрација и припадниците на АРМ и на крај силите ќе си ги одмерат полицајците и свештениците. Меѓу натпреварите ќе има и ревијален дел.

„Овој турнир го замисливме да биде вистинско шоу. Граѓаните ќе имаат ретка можност да не видат сите нас и новинарите и политичарите и советниците во едно поинакво светло поразлично од она во кое секојдневно не гледаат, рече Влатко Тевчев, новинар.  

Тричлената комисија во состав актерот Васил Зафирчев, новинарката Билјана Николовска и фудбалерот Панче Ќумбев имаат  задача да даваат  поени за ферплеј игра, за атрактивност, за радување при постигнат гол и за „гличење” при примен гол.

Шоуто ,, 300 минути фудбал,, има и хуманитарен карактер. Сите доброволни прилози што ќе се соберат ќе бидат наменети за лицата со хендикеп.

На спортскиот терен покрај фудбалските екипи ќе настапат и нашите музички ѕвезди Дејан Попов и Орхидеја Дукова.

Организаторите сметаат дека манифестацијата ќе прерасне во традиција и карактеристика на градот.

 

 

превземено од www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu