Младиот велешанец Петар Виларов-по втор пат избран за најдобар спортист на годината во категоријата младинец. Општинскиот сојуз на спортови-Куманово на манифестацијата за Избор на спортист на годината на град Куманово, одржана на 10.03.2012 во ресторантот „Грација” во Куманово му додели Диплома на велешанецот Петар Виларов за најдобар спортист – младинец на град Куманово во изминатата 2011г. Младиот кошаркар Петар Виларов игра за тимот на КК Куманово 2009, и успешно настапува во Првата Македонска Кошаркарска Лига, а истовремено игра и за тимот на Борец-Баскет од Велес, во Втора Кошаркарска Лига. Ова е втора Диплома на перспективниот спортист -кошаркар Петар Виларов, кој Сојузот на спортови и Општина Велес го прогласи за најдобар спортист на град Велес во категоријата младинец во 2010 година. Успешноста на овој млад спортист е плод на неговата талентираност и истрајност во напорните тренинзи и поттик и за понатамошни негови успеси. Во моментов Петар Виларов тренира и со кошаркарската селекција на Р.Македонија, со генерацијата 1992 и 1993 година. Искрено упатуваме честитки до овој наш млад сограѓанец и му посакуваме уште многу успеси во иднина со кои ќе се гордееме сите!
Превземено од www.lisica.mk