Home / Uncategorized / Савов е нов тренер на ФК Борец

Савов е нов тренер на ФК Борец

fudbal_velesЖанко Савов ќе биде новиот тренер на ФК Борец ? Оваа информација ја објави специјализираниот интернет портал „Спортефе“. Според нивните извори Борец ја договорил соработката со некогашниот одличен фудбалер. Тој во ланската сезона го предводеше тимот на Македонија Ѓорче Петров со кој обезбеди пласман во прата лига ,а претходно седел и на клупата на Маџари Солидарност. Со ова во последен момент е решен можеби најголемиот проблем на велешкиот клуб, затоа што првенството стартува во сабота, а прв противник на Борец е екипата на ФК Зајас. Натпреварот ќе започне од 18:00 на помошниот фудбалски терен во Градскиот парк, затоа што се очекува да отпочне реконструкција на стадионот. Претстојната сезона се очекува да биде една од највозбудливите. Поради промените кои ги зацрта ФФМ и кратењето на лигите, само првите седум екипи во втората лига имаат осигуран опстанок, другите ќе се борат преку баражи или ќе одат скалило пониско.

превземено од: www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu