Тениските терени во Градскиот парк во Велес се во завршна фаза од нивна изградба. Теренот е обележан, а за многу скоро се очекува да пристигнат и да се постават спортските реквизити. Со пуштањето во употреба на тениските терени ќе се подобрат условите за работа и тренинг на тенисерите и тренерите. Со уредувањето на тениските терени ќе се комплетира спортскиот комплекс во градскиот парк, кој опфаќа терени за футсал и голем фудбал, игралиште за одбојка на песок и спортската сала „Гемиџии”.
м-р Ангелче Гушев