Националната универзитетска спортска асоцијација – NCAA (National Collegiate Athletic Association), најголемата универзитетска спортска асоцијација во САД, има најголем удел во бизнисот на американскиот универзитетски колеџ спорт. За сезоната 2011 – 2012, NCAA пријавила приход од 871,6 милиони американски долари, од кои дури 18 % од тој износ се остварени благодарејќи на договорите за продажба на ТВ права со компанијата Turner/CBS Sports. Другите 11 % доаѓаат од спонзорите на натпреварите како што е кошакарскиот турнир “Мартовско лудило“(March Madness), завршниот турнир на американската колеџ лига. NCAA распределува околу 60 % од своите приходи на училиштата чии тимови се натпреваруваат во елитната Дивизија 1 (Division I), а финасира и голем број на спортски програми и стипендии.
Колеџ фудбал (американски фудбал)
Ни еден универзитетски колеџ спорт не врти повеќе пари годишно од овој вид на фудбал. Весникот „Business Insider“ во 2012 година објави да фудбалската програма на Универзитетот во Тексас имал приходи од 95 милиони долари во предходната сезона, повеќе од било кои Универзитет во САД. Овие приходи воглавно доаѓаат од од продажба на ТВ права, продажба на влезници и тргувања. „Business Insider“ исто така на споменува дека во 2010 година 15 тимови со најголем прилив на финасиски средства имаат приход од над милијарда долари. Многу универзитети финасираат други спортски секции благодарејќи на приходите од фудбалот и кошарката.
Кошарка
Единствен универзитетски коле џ спорт кои остварува значајни приходи за своите школи покрај фудбалот е кошарката. Сепак кошарката има приходи половина помалку од фудбалот. Истата година кога 15 фудбалски тимови имале приход од милијарда американски долари, 15 кошаркарски тимови се најголем прилив на финасиски средства имале приход од 293 милиони американски долари, помалку од третина на приходите од фудбалот. Но кошаркарските тимови од Дивизија 1 кои ќе поминат во понатамошните натпревари во NCAA шампионатот остваруваат огромни приходи за своите училишта.
Бејзбол
Порај тоа што професионалниот бејзбол остварува најголеми приходи во САД, универзитетскиот колеџ бејзбол заработува доста помалку во однос на фудбалот и кошарката. Сепак колеџ бејзбол тимовите кои ке поминат во понатамошните натпревари во NCAA play-off и во Колеџ Светската Серија (College World Series) остваруваат значајно големи приходи на финасии од тимовите кои не успеале да се квалификуваат во play-off натпреварите. Бејзбол тимот на Универзитетот Аризона во 2011 година имаше приходи од 69 илјади американски долари само од продажба на влезници. Една година покасно, се пласираа во Колеџ Светската Серија (финале на play-off) и истваруваат приход од 350 илјади американски долари.
м-р Ангелче Гушев