На 23.3.2016 год. (среда) во Општина Велес официјално се потпиша договор помеѓу сопствениците на „Еуро Брик“ и поранешниот кошаркар, а сегашен претседател на клубот , Васко Бојчев.
Македонско – турската компанија „Еуро Брик“ кои се занимаваат со производство на цигли, ќерамиди, производи од печена глина за градежништво и кои неодамна ја откупија фабриката за цигли „Киро Ќучук“ и кој со производство започнуваат за неколку седмици, од денес се и официјални спонзори на КК „Борец Баскет“.При потпишувањето на договорот присуствуваа и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Илија Димовски и градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев .
„Овој воспоставен начин на соработка секако носи резултати и убедени сме дека ќе продолжи со уште посилен интензитет и во наредниот период. Тоа е за доброто на кошарката во градот“- истакна градоначалникот Чадиев.
„Спонзорството ќе ги подобри условите од секој аспект за кошарката во Велес и вракањето на КК „Борец Баскет“ во најсилната лига “- изјави Бојчев.