Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализира ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА во одбојка – средни училишта во машка конкуренција. На 26.03.2017 год. (понеделник) во Велес во спортската сала при ССОУ “Коле Неделковски“ се одржа првиот турнир на кој што учество земаа петте најдобри екипи во Република Македонија и тоа: СОУ “Никола Карев“ – Струмица , ДУФК “Методи Митевски – Брицо“ – Скопје, ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, СОУ “Зеф Љуш Марко“ – Скопје и СОУ “Наум Наумовски Борче“ – Крушево. Одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес го освои третото место на ниво на држава и ги продолжува понатамошните натпревари во рамките на ДРЖАВНАТА УЧИЛИШНА ЛИГА. Училишната екипа на ССОУ“Коле Неделковски“, работи под менторство на професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев