Димитар Ѓорѓиев го одбрани златниот медал кои што два пати по ред го освојува на светските првенства во кик бокс и тоа во 2011 и 2013 година, при што овој пат тој се бореше во Белград. Пред заминувањето за Србија со репрезентацијата, најави дека не треба да се очекува успех само од него, туку и од останатите членови на државниот тим кои последната седмица беа стационирани во Дојран и тоа беше повеќе како карантин, но имаше и мали подготовки на кои претежно се работело на техника. Во неговата категорија до 74 килограми го познава само полскиот репрезентативев Јерзи, со кој веќе се имам борено и го има победено. Останатите борци не му се познати. Двете титули му даваат даваат повеќе одговорност отколку самодоверба бидејќи ќе мора да ги оправда и одбрани.Негово најсилно оружје се ударите со нога, па се надева дека на тој начин ќе освои и многу поени и победи.
Македонската репрезентација во кик-бокс и лоу-кик броеше вкупно 13 учесници, од кои две се девојки: Кристина Стојчевска (-55 кг.) и Стефани Тодорова (-65 кг.).