Се надевам дека сте го гледале четвртото продолжение на епската сага за Роки и сигурно ќе се сетите на некои несекојдневни вежби кој што американскиот супер херој ги практикуваше при подготовката за антологискит двобој со рускиот злотвор Иван Драго. Едно од нај впечатливите дижења беше вежбата за стомачна мускулатура, која што воедно се појавува и во епските карате филмови кој што се поврзуваат со Брус Ли, а тоа е т.н. вежба Знамето на змајот. Одработете ја колку можете или пак дали воопшто можете да ја реализирате. Легнете на грб на bench-клупа или пак на под и фатете се цврсто со рацете покрај главата. Подигајте го телото и нозете до вертикална положба, така што да се потпирате само на рамениците и на тилниот дел. Започнете да го спуштате телото и нозете заедно. Вежбата е исклучително напорна за стомачниот ѕид и долниот дел од грбната мускулатура. Затоа советуваме, за зајакнување на споменатите регии , како предвежба може да се користи подигање на телото но со свиени нозе во колената.
м-р Ангелче Гушев