Кифоза

Кифозата, уште позната и под терминот грпка, е искривување на горниот дел од грбот. Малото искривување не е патолошко, но кога се работи за кифоза, тогаш тоа може да зафаќа агол од 50 степени. Кифозата може да биде неприметна, но може да го даде карактеристичниот грбав изглед.

Симптоми
Симптомите на кифоза вклучуваат:
– грбавост
– умерена грбна болка
– грбна вкочанетост
– замор

Причини
Рбетниот стол е составен од пршлени, кои се поврзани едни со други преку силни, фиброзни врски (лигаменти). Постојат повеќе групи на пршлени, и тоа: вратни, градни, слабински, крстни и опашни. Кифозата е искривување на градната група на пршлени.

Кај деца и адолесценти, најчестите типови на кифоза се:
– Постурална кифоза
– Шерманова кифоза
– Конгенитална (вродена) кифоза

Кај возрасните, кифозата се јавува поради:
– остеопороза
– дегенеративен артритис на рбетниот столб
– анкилозантен спондилитис
– туберкулоза на коски
– карцином
– спина бифида

Третман
Третманот на кифоза зависи од причината која е одговорна за нејзина појава, како и од знаците и симптомите кои се присутни. Пациентот најпрво мора да отиде на специјалист – ортопед, кој потоа заедно со специјалист – физијатар ќе одредат дали кифозата ќе се лекува со ортотски помагала, или пак доколку искривувањето е поголемо и предизвикува други проблеми, ќе се оди на операција.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu