Home / Колективни спортови / Ракомет / …за ракометот !

…за ракометот !

Ракометот како игра станува се по атрактивна и се повеке е унапредувана од страна на спортските институции. Се повеке се вложува во спортската ракометна технологија. За ракометот понатаму некои факти кои што се значајни и интересни. Ракомет е спорт кои припаѓа на групата со полиструктурално- комплексни кинезиолошки  активности во кој  доминираат движења со цикличен  и ацикличен карактер. Во играта учествуваат две  екипи  со po 7 играчи (6 играчи во поле и еден голман) на терен со димензии  40м х 20 м. Играта е со времетраења од две полувремиња од 30 минути и 10минути пауза на половина од натпреварот.  Ефективна игра во ракометниот натпревар е во опсег од 45-50 минути, во која екипите од 60 до 70 пати вршат промена на фазите на напад и одбрана, со скоро ист број на упатени удари на гол, со просечно времетраење на нападот од 35 секунди. Во играта се застапени повеќе видови на трчања и тоа во различни насоки и со различен интензитети, потоа  скокови со една и со две нозе и фрлања на топка. Трчањето, скокањето и фрлањето се во основа движења исти како и во голем број на атлетски дисциплини, па затоа понекогаш ракометарите се нарекуваат “десетобојци со топка“ кои во текот на натпреварот, со различен интензитет во зависност од позицијата на играње  претрчуваат од 4 до 6,5 км. (Словик, 1989). Досегашните  истражувања упатуваат на тоа дека повеќето од играчите трчаат различни растојанија  со субмаксимален интензитет, а само мал дел од нив со максимален интензитет. Како и кај фудбалерите и кошаркарите, покрај високиот степен на подготвеност, сите компоненти на издржливост во текот на трчањето на должините од 3 – 10  метри, па и должините до  25 метри (Vazni 1977, Colli 1987.), се појавува максималното изразување  на повеќето компоненти на брзината и нејзино менување во  комплексни и сложени ситуации. Но и понатаму бројот на бочните во однос на длабинските одбранбени движења  се со однос  55: 45%. Во текот на играта, отчукувањата на срцето постојано варира и тоа од 150-210 удари  во минута. Средната вредност на срцева фрекфенција за време на натпревар е во просек 180 удари во минута  или најчесто во опсег од 168-198 удари во минута. (Ignjatjeva 1980).  Според доминацијата на енергетските  процеси ракометот припаѓа на аеробно – анаеробен спорт, односно позициониран на  границата на високо-енергетска спортска дисциплина.  Денес се поретко се среќаваат  поединци кои можат да  следат се посилно темпо  на во игра сите 60 минути, па така ракометот полека но сигурно  се претвора во фосфаген анаеробен спорт. Истражувања врз врвни  ракометари во Шпанија, а кое е во согласност со претходните наоди,  покажале дека елитно-врвните играчи во просек тежат околу 95 килограми, имаат висина од 190 см, а содржината на мускулното ткиво е над 55%. Што се однесува до максимално ниво на снага во просек е од околу 110 килограми при максимален потискок на рамна клупа (bench press), а топката ја исфрлаат со удир од стоечка позиција со брзина од над 23 м/сек, а после трочекор и до 25 м / сек. Ракометари обично имаат ниска содржина на масти (8-10%), висока експлозивниот на нозете  (скок во височина од над 65 см) и умерен аеробен капацитет (55-60 мл/кг/ мин). Во последно време забележан е тренд на постепено и прогресивно зголемување на сите функционални  променливи (особено во областа на силата и експлозивноста) и создавањето на т.н. супер ракометари, совршени атлети. Од причини  што ракометот како спортска игра  ги активира сите регии на  локомоторниот апарат, мускули кои домининантно се вклучени во извршувањето на сите елементи се основните мускулите на долните екстремитети  и трупот, а дури потоа и мускулите на горните екстремитети. За  успех во ракомет, а кога станува збор за специфични биомоторички способности  најголем удел има  експлозивната снага и брзинската издржливост. Во ракомет највисок степен на  оптеретенос поднесуваат бековите, потоа кружните напагачи, потоа крилата и на крај голманите.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu