Home / Uncategorized / За авторот

За авторот

gusev-kineziologijaПрофесорот  Ангелче Гушев е роден во Велес во 1972 година. Основно и среднообразование завршува во Велес. На Факултетот за физичка култура при Унивезитетот  “Св. Кирил Методиј” дипломира во 1996 година. Негови предизвици во делот на физиката култура се ракометот, планинарењето, логорувањето, спортската ориентација во природа  и развојот на неформалното образование на младите како светски тренд. Работел во неколку основни училишта во Велес. Моментално работи како професор по спорт и спортски активности при ССОУ “Коле Неделовски” во Велес. Има издадено голем број на пишани дела за работа со млади  и прирачници за физичка култура, ориентација во природа, логорување и проектно работење. За неговото општествено ангажирање добитник е на голем број на признанија, меѓу кои се Инструкторските вудбеџ ознаки (втор степен) од страна на Светската организација на скаутското движење, 9то Ноевриската плакета на Општина Велес, Благодарница од Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Плакета на извидники одред  “Димитар Влахов” и голем број на дипломи, благодарници и  сертификати. Соработува со голем број на домашни и странски фонадации, со кои реализира проектни активности наменети за младите во Велес, а со тоа  го промовира неформалното образование. Со ракометна екипа на ССОУ “Коле Неделковски” како нејзин тренер бил прв на ниво на сите средни стручни училишта во Македонија (2009), втор во државата во категорија младнинци (2009) и втор на Гимназијадата Скопје 2010. Во периодот 2007 – 2011 е член на Извршниот одбор на Сојузот на спортови на Велес и претседател на комисијата за Програма на сојуз и целосно е вклучен во програмските активности на Сојузот на училишен спорт во Велес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu