Home / Колективни спортови / Ракомет / Водење на топка

Водење на топка

За да може еден ученик (играч) да успешно го усоврши водењето на топката во рамките на ракометната игра, ученикот треба да ги поседува следните барања:
– исклучителна физичка подготвеност
– добра работа на нозете и рацете
– добра реакција на топката – основни движења

Секогаш при водењето на топката треба да се внимава на :
– затворање на просторот за премин на топката
– затворње на просторот за премин на играчите
– движење кон топката (ланчана реакција)

Водење на топка
Тоа е движење на играчот со топка, при што топката се потиснува со дланката кон тлото. Кај водењето разликуваме три етапи: почеток, време и крај на водењето. Контролата на движењто на топката се обезбедува со правилно потиснување на топката и нејзино заштитување со телото во однос  на противникот. Според начинот на водење на топката разликуваме: водење со лева или десна рака, водење според бројот на отскокнувања на топката, ниско и високо – водење – според висината и отскокот на топката, според правецот  – водење напред назад и настрана, односот на топката и играчот – покрај себе  и пред себе. Водењето на топка може да биде праволиниски и криволиниски (цик – цак), водење на топка со вртење за 90 степени, водење на топка со трчање наназад и водење на топка со скокање

Методика на обучување на водењето на топка
1.Водење на топка со правилно потиснување и заштитување на топката со телото во однос на противникот
2.Ниско водење на топката на раздалеченост од 20-30 метри
3.Средно и високо водење на топката на различна раздалеченост
4.Водење напред, назад и настрана
5.Водење на топка пред себе и покрај себе
6.Водење на топка со менување на правецот на движење “цик – цак”
7.Водење на топка со трчање наназад   
( при самата обука се користи водење на топка со лева и со десна рака)

Грешки: недоволно потиснување на топката , удирање со дланката по топката, високо водење во близина на противничкиот играч, слаба контрола на играта во однос на просторот, недоволна сегментирана брзина на рацете, слаба брзина на реакција и недоволна агилност.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu