Home / Кондициска подготовка / Кондициска подготовка / Влијанието на проприоцептивниот тренинг

Влијанието на проприоцептивниот тренинг

Влијанието на проприоцептивниот тренинг се препознава во превенцијата од повреди на скочниот зглоб, коленото, зглобовите на рамениот дел и рбетниот столб, рехабилитација на повредите на горенавдените регии и подобрување на одреден броја на моторички спсобности и својства. Покрај влијанието на проприоцептивниот тренинг треба да се напоменат и ефектите од него, а тоа се:

– зголемување на амплитудите на движењата во зглобовите
– ефикасно одржување на ставот и воспоставување на рамнотежа
– стабилизација на зглобовите
– подвижност
– експлозивна силина (спринт, скок)
– зголемување на мускулната сила на на нозете и општата физичка подготвеност
– изедначување на нерамнотежата во силината на левата и десна нога

Упатство за реализација на проприоцептивниот тренинг.Колку и да се атрактивни и современи проприоцептивните тренинзи, истите не смеат да ја загрозуваат сигурноста на спортистите, рекреативците, учениците. Проприоцептивниот тренинг треба да биде интересен и предизвикувачки и со мала креативност можеме самите да ги осмислиме вежбите и истите да ги прилагодиме кон нашите потреби.Треба да се ориентираме кон повекезглобните делови и повекерамнинските зглобови.

Проприоцептивното вежбање и тренирање треба да се практикува секојдневноако сакаме да постигнеме видливи резултати, а најдобро е да се реализира на почетокот на тренингот, но не се исклучува и негова примена во друге делови на тренингот.
Интензитетот на вежбањето и на активноста треба постепено да расте и тоа од лесно кон потешко, од просто кон сложено, од споро кон брзо, од мали кон големи движења, од краткотрајни до долготрајни повторувања.
Вежбите треба да се реализираат не повеќе од 30 до 40 минути во континуитет, поради престанокот на нервно-мускулната раздразливост, а одредени задачи треба да се реализираат
и со времетраење од 30 секунди до 2 минути. Пожелно е да се издвојат вежби со додатни кондициски задачи (фаќање, додавање, жонглирање на топка, дриблинг) и тоа во комбинација со вежби за силина  (полу клекнувања со оптеретување, мртво подигање , чекори со испади на баланс плоча и др.)

СТРУКТУРА НА ПРЕВЕНЦИСКИ КОНДИЦИСКИ ТРЕНИНГ
– Тренинг за јакнење на локомоторниот апарат
– Тренинг за флексибилност
– Тренинг за проприоцепција
– Тренинг за изометрија

 

 

продолжува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu