Home / Спортски настани / Velocita 3 – иновација во светот на копачките

Velocita 3 – иновација во светот на копачките

Познатиот светски производител на фудбалска опрема Умбро го престави новиот модел на копачки наречен Velosita – 3. Овој модел на копачки на фудбалерите им обезбедува поголема подвижност и брзина. Моделот е изработен во четири бои и три професионални нивоа и тоа: про, премиер и клуб. Предноста на овој модел на копачки е во тоа што во предниот дел на прстите се изработени од посебен меша-материјал, со што на фудбалерите им се овозможува подобар контакт и контрола на топката. Новите Velocita 3 копачки овозможуваат поголемо ниво на стабилност при спринтот, со што играчите можат да се фокусираат на поголема прецизност и јачина на ударот. Ѓонот на патиката е изработен од специјален вид на пебакс материјал кој на копачките им обезбедува подолг век на траење, отпорност и флексибилност. Velocita 3 копачките обезбедуваат зголемена пропустливост на воздух, тешките се вкупно 165 грама, со што стануваат конфорни и лесни за носење.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu