Удар со глава

Современиот фудбал бара од секој фудбалер (ученик), комплетно познавање и применување на техники на удари со глава.  Овие удари со глава се мошне важни во одбрана при остранување на опасностите пред голот, за шутирање кон голот како и за игра во средина на теренот, за додавање и за пренесување на топката. Ударите на топка може да се изведат: од место и во движење и тоа без одраз и со одраз, а истите може да се изведат со чело, со страна на челото, со темето и со задниот дел на главата (тилот). Ударите на топка со глава без одраз се изведуваат тогаш кога топката е во висина за која не е потребен одразили скок. Тогаш имаме основен удар со чело, потоа страничен челен удар , удар со темето и удар со задниот дел на темето..

Основниот челен удар се изведува кога ученикот е во расчекорен став така да едната нога е малку понапред. Колениците се лесно свиткани, а телото е наведнато нанапред. Рацете свиткани во лактовите во со дланки во висина на рамото и градите. При замавот колената се исправаат и горниот дел од телото се движи нанапред, а колковите наназад. Тежиштето на телото од задната нога се префрла на предната. При допирот со топката вратните мускули се испружени и цврсти. По ударот со главата телото продолжува да се движи кон правецот на топката.

Методика на обука:

– во двојки. Едниот ученик ја држи топката со две раце на одредена висина, а другиот ученик врши удар.

– истото, само што топката се удира во движење со предходно лесно трчање

–  во двојки. Игрчот сам ја потфрла топката и изведува удар така што топката отскокнува еднаш на земја и партнерот ја фака

–   исто како во предходната вежба но сега по ударот топката директно да оди кај партнерот

–  еден од партнерите ја потфрла топката хоризонтално или парабола, а другиот ученик изведува удар

 

Удар со глава со одраз на две нозе и на една нога

Пред да се изведе одрзот нозете се во дијагонална или паралелна положба. Колената се малку свиткани, тежината на телото е на предните делови од стапалото, а трупот е наведнат малку напред. Притоа рацете се зад телото и свиткани во лактовите. Од таквата положба се изведува силен одраз при што двете раце се движат нагоре и напред со што помагаат одразот да биде повисок. Кога сме се одразиле, телото со главата се повлекуваат наназад што е подготовка да се изведе ударот. Тој се изведува со брзо и силно движење нанапред на главата и телото  при  што доаѓа до судар на главата и топката која е на одредена висичина.

Методика на обучување: во методиката за правилна изведна на овој вид на удари со глава потребно е да се применуваат веке добро познатите методски постапки опишани во предвежбите и вежбите за обука на удари со глава извршени од место и без одраз. Тука се вклучува само одразот на една или две нозе со предходно движење.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu