Современиот фудбал бара од секој фудбалер (ученик), комплетно познавање и применување на техники на удари со глава. Овие удари со глава се мошне важни во одбрана при остранување на опасностите пред голот, за шутирање кон голот како и за игра во средина на теренот, за додавање и за пренесување на топката. Ударите на топка може да се изведат: од место и во движење и тоа без одраз и со одраз, а истите може да се изведат со чело, со страна на челото, со темето и со задниот дел на главата (тилот). Ударите на топка со глава без одраз се изведуваат тогаш кога топката е во висина за која не е потребен одразили скок. Тогаш имаме основен удар со чело, потоа страничен челен удар , удар со темето и удар со задниот дел на темето..
Основниот челен удар се изведува кога ученикот е во расчекорен став така да едната нога е малку понапред. Колениците се лесно свиткани, а телото е наведнато нанапред. Рацете свиткани во лактовите во со дланки во висина на рамото и градите. При замавот колената се исправаат и горниот дел од телото се движи нанапред, а колковите наназад. Тежиштето на телото од задната нога се префрла на предната. При допирот со топката вратните мускули се испружени и цврсти. По ударот со главата телото продолжува да се движи кон правецот на топката.
Методика на обука:
– во двојки. Едниот ученик ја држи топката со две раце на одредена висина, а другиот ученик врши удар.
– истото, само што топката се удира во движење со предходно лесно трчање
– во двојки. Игрчот сам ја потфрла топката и изведува удар така што топката отскокнува еднаш на земја и партнерот ја фака
– исто како во предходната вежба но сега по ударот топката директно да оди кај партнерот
– еден од партнерите ја потфрла топката хоризонтално или парабола, а другиот ученик изведува удар
Удар со глава со одраз на две нозе и на една нога
Пред да се изведе одрзот нозете се во дијагонална или паралелна положба. Колената се малку свиткани, тежината на телото е на предните делови од стапалото, а трупот е наведнат малку напред. Притоа рацете се зад телото и свиткани во лактовите. Од таквата положба се изведува силен одраз при што двете раце се движат нагоре и напред со што помагаат одразот да биде повисок. Кога сме се одразиле, телото со главата се повлекуваат наназад што е подготовка да се изведе ударот. Тој се изведува со брзо и силно движење нанапред на главата и телото при што доаѓа до судар на главата и топката која е на одредена висичина.
Методика на обучување: во методиката за правилна изведна на овој вид на удари со глава потребно е да се применуваат веке добро познатите методски постапки опишани во предвежбите и вежбите за обука на удари со глава извршени од место и без одраз. Тука се вклучува само одразот на една или две нозе со предходно движење.
проф. Ангелче Гушев