На 24.05.2013 година (петок) со свечено дефиле на екипите учесници и официјалното отворање од страна на заменик Градоначалникот на Општина Велес Горан Јовиќ, започна VII по ред традиционален меѓународен фудбалски турнир за млади, оваа година деца родени 2002 и помлади „Велес 2013“. Учесници на турнирот беа екипите: ФК „Ред Стар“ од Ниш, ФК „Фри Кик“ од Ниш, ФА „Пандев“ од Струмица, ФК „Славија“ од Софија, ФК „Македонија ЃП“ од Скопје, ФШ „Велес“ од Велес. Во најзначајниот натпревар, во финалето на овој турнир екипата на ФК „Славија“ од Софија ја победи домашната екипа Фудбалската школа „Велес“ со 5:1 и го освои големиот победнички пехар. За најфер екипа беше прогласена екипата на ФК „Ред Стар“ а нивниот играч Лазар Николиќ беше прогласен за најфер играч. Најдобар голман на турнирот е Панче Пренџов од Фудбалската школа „Велес“, најдобар голгетер на турнирот е Али Хатем од ФК „Славија“ а за најдобри фудбалери на турнирот беа прогласени Андрија Марковиќ од ФК „Фри Кик“ и Блаже Брндевски од Фудбалската академија „Пандев“. На најдобрире екипи и поединци им беа доделени награди во вид на пехари, медаљи, дипломи и спортска опрема. Општина Велес на сите учесници на турнирот, посебно на гостите од Р.Бугарија и Р. Србија, како и на екипите на Академија „Пандев“ и ФК „Македонија ЃП“ им се заблагодарува за нивното учество што придонесе и овој турнир да биде доста квалитетен и интересен.
превземено од: https://www.facebook.com/pages/Општина-Велес