Трискок

Трискокот е скокачка дисциплина која бара атлетска зрелост на учениците. Не се препорачува за млади генерации. Потребно е да се зајакне мускулатурата која треба да го држи во рамнотежа рбетниот столб. Тука пред се мускулите на грбот и стомачниот дел, а посебно внимание треба да се обрне на долните екстремитети (карлица, нозе и стопала). Добра предвежба за трискок е скок во далечина со краток, среден и полн залет, одразувајќи се прво на една па на друга нога. Најдобри резултати се добиваат од  различните поскоци по еластичен терен (душек, трава, пилевина-струг). Во пракса тоа се поскоци на една нога, поскоци од една на друга нога, поскоци во ритам на трискок (лева, лева, десна скок или десна , десна, лева, скок). ЗАЛЕТ – должината на залетот во трискокот е индивидуална работа. Во однос на скокот во далечина, кај трискокот тој е нешто по краток и малку умерен. Тука нема реален премин од залет кон скок. ПРВИОТ СКОК – кај скокот во далечина концентрацијата на експлозивен одскок во релизација е во еден скок, додека пак кај трискокот треба да се одржува брзината во сите три скока. Од првиот скок зависи останатите два скока. Првиот скок треба да е продолжение на залетот. ВТОРИОТ СКОК  – после активниот доскок – одскокот, треба да се доскокне на другата нога со активен замав на предната нога. ТРЕТИОТ СКОК – е скок во далечина со послабата нога. Брзината на движење е нешто по слаба. Треба да се обрне внимание  вертикалната положба на скокачот низ сите три скока. Се препорачува следниот распоред на должината на секој од скоковите и тоа: првиот скок 34 %, вториот  скок 30 % и третиот скок 36 % должина. ДОСКОКОТ се реализира како и кај скокот во далечина. Скокачите на трискок треба доста вре-ме да посветат на тренинг  на јакнење на силината и подобрување на одскокот во склад со воз-раста. Покрај ова голем дел од тренингот треба да се реализира со атлетичарите – спринтери.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu