Home / Кондициска подготовка / Кондициска подготовка / Тестирања и мерења во спортот

Тестирања и мерења во спортот

Тестирањата и мерењата во спортот се средства преку кои се прибираат информации со помош на кои се планираат идните активности. Тие се неопходни при програмирањето на тренажниот процес. Константното напредување на учениците и спортистите е незамисливо без овие активности и затоа таквите информации се многу важни и значајни за секој наставник, тренер и  сл.   Резултатите од тестирањата содржат големи количини на податоци за она што се случило во минатото,  колу и со која динамика ученикот или спортистот напредувал, каде направил грешка и сл.

Целокупниот процес на тестирање и мерење се одвива во шест фази:
–    избор на карактеристики кои треба да се тестираат и мерат
–    избор на конкретни тестови или методи на мерења
–    собирање и евидентирање на добиените резултати
–    анализа на резултатите
–    донесување на одлуки
–    извршување на донесените одлуки
Во реализацијата на споменатите фази, потребно е да бидат вклучени и учениците, спортистите, а посебно во анализата на донесување на одлуки.

Што е потребно за еден тест ?
Во изборот  на тестот треба да бидеме сигурни во следното, а тоа е да тој биде објективен (да има реални резултати), да е валиден (да ја постигнува целта на тестирањето) и да е одржлив ( да има можност за постојано повторување). При изборот треба да се земе во предвид следното:
–    секој тест треба да мери еден фактор
–    тестот не треба да бара техничка обученост ( единствено ако тестот се користи за проценка на техниката)
–    треба да бидете сигурни дека испитаникот ве разбира што од него очекувате, што се мери и зошто се мери
–    процедурата на тестот треба да биде строго стандардизирана во поглед на водењето на евиденцијата, организацијата и условите на изведба

Придобивки од тестирањето
Резултатите од тестирањето се користат за:
–    предвидувања за идни резултати
–    укажување на слабости
–    мерење на подобрувањата
–    контрола на успешноста на тренажниот процес
–    поделба на учениците или спортистите во конкретни тренажни групи
–    мотивација на учениците  и спортистите
–    задоволување на потребите од информираност за резултатите и напредувањето

Фактори кои може да влијаат на резултатите на тестот:
–    температурата и влажноста на воздухот
–    должината на времето кое ученикот или спортистот го има отспиено пред реализацијата на тестот
–    емоционалната состојба на ученикот или пак спортистот
–    лекарствата кои спортистот евентуално ги има користено
–    делот од денот во кој се врши тестирањето
–    коефеинот кои што евентуално ученикот или пак спортистот го има консумирано
–    времето од последниот оброк
–    опкружувањето во кое се тестира испитаникот
–    мотивираноста и искреноста на ученикот или пак спортистот

Принципи на тестирањето:
–    пред реализација на тестот, задолжително лесно загревање со аеробни вежби, пратени со истегнување на сите големи мускулни групи
–    ако се реализираат повеќе тестови, прво се реализираат кратките и експлозивни тестови
–    тестирањето треба да се реализира на еднаков идентичен начин
–    да се настојува тестирањата да се реализираат во ист дел од денот
–    да се користи иста опрема
–    мерењата да ги врши исто лице
–    да му се објасни на испитаникот во целост тестот на мерење, а ако е потребно и да му се демонстрира

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*