Мерење на пулс

Нормалната срцева фрекфенција изнесува од 60-80 отчукувања во една минута. Мерењето на пулсот се реализира така што со десната дланка со  собрани прсти (од показалецот до малиот прст) поставенена попречно го напипуваме пулсот на a.radialis. Може да се мери на два начина:

1.  се мери бројот  на отчукувања за време од 10 секунди, а потоа се множи со 6
2.  се мери бројот  на отчукувања за време од 30 секунди, а потоа се множи со 2

Што е помала вредноста на пулсот во состојба на мирување , тоа значи дека срцето и кардиоциркуларниот систем на спортистите е подобро адаптиран на тренажен процес. Кај нетренираните личности изнесува околи 75 отчукувања во минута, а пак кај маратонците изнесува околу 50 отчукувања во минута. Максималната срцева фрекфенција воглавно генетски е детерминирана и зависи од возраста на спортистите. Постојат три формули преку кои може да се одреди максималниот пулс кај некоја личност:

а) максимален пулс 1= 220 – возраста
б) максимален пулс 2= 230 – 1,18 х возраста
в) максимален пулс 3= 210 – 0,65 х  возраста

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu