Home / Сојуз на спортови Велес / Сојуз на спортови Велес / Старт на регатата Гемиџии 2011

Старт на регатата Гемиџии 2011

Традицијата продолжува. Гемијата и годинава ќе заплови од Велес по водите на реката Вардар. 66 учесници  по воден пат и 15-тина по копно како логистика ќе бидат дел од 12-тата варарска регата Гемиџии 2011.  Од 30 јуни па се до 3 јули тие ќе ја оживеат традицијата за градов. Регатата ќе плови во четири етапи.  Од организациониот одбор денеска изјавија дека  подготовките се завршени и очекуваат се да помине во најдобар ред.  „Се подготвивме добро и мислиме дека безбедно ќе стигнеме до Гевгелија. Годинава има промена во првата  етапа која неместо во Стоби ќе заврши на Криволак ,а останатите остануваат исти или преспиваме во  Демир Капија ,Марвинци и крајот е во Гевгелија”,  вели Александар Бузалков дел од организациониот одбор на регатата.  Безбедноста на сите учесници на регатата е на прво место. Затоа крајната цел во Гевгелија е неколку стотина метри порано како ќе се избеднат мостовите под кои лани се превте сплавот.  Покрај ова организарторите обезбедија по еден спасител во сите девет чамци кои ќе бидат дел од регатата.  „Обезбедивме по двајца кајакари и по еден спасител кои ќе бидат во секој од чамците , затоа што ќе има учесници кои за прв пат ќе пловат по вардар и сметаме дека нивната безбедност треба да биде на прво место”, вели Себо Шаќиров дел од организациониот одбор на регатата.  Оваа година како новост се воведува дефиле на сите учесници кои веќерва ќе ја придружуваат Гемијата низ градските учици.  Со вардарската регата освен што ќе се оживее традицијата на стариот начин на трговија помеѓу Велес и Солун ,треба да се акцентира и големото дело на групата главно велешани кои под мотото се арчиме за Mакедонија ги изведоа познатите солунски атентати во далечната  1903 за да го привлечат вниманието на светската јавност околу состојбата во која се наоѓал  тогаш македонскиот народ.

 

www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*