Home / Престој во природа / Логорување во природа / Обука на извиднички водачи

Обука на извиднички водачи

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес  во периодот од 17 до 22 јуни оваа година, ја организираше дванаесетата летна школа за водачи “Зелениот Еди“. Школата се одржа во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село во општина Чашка. Школата беше финансирана од страна на Европската Скаутска Фондација од Женева и на истата учество земаа 40 извидници од Република Македонија. Едукативниот дел на школата беше воден од страна на Ангелче Гушев кои е инструктор од втор степен по вудбеџ методологијта на обука. Програмскиот дел на школата беше покриен со следните теми: совет на водачи, патрола и јато, патролна средба, планирање на патролна средба, патролна симболика, извиднички метод, патролен колектив, историја на извидништвото во македонија и светот, методологија на презентирање, формирање на тим, ликот на водачот, планирање на месечен, тромесечен и годишен план за работа, извидникот во општеството, игра, хајк и др. Покрај едукативниот дел на школата за учесниците беа организирани и два хајка и престои во природа. Учесници на школата беа извидници од Скопје, Валандово, Св.Николе и Велес. За времетраење на школата на 19.6.2011 год. (недела) беше одржана и седница на старешинството на СИМ со што се оддаде и признание на Школата,  а со тоа и членовите на старешинството се запознаа со работата на истата. На оваа школа како предавач се појави и  старешината на СИМ, Димче Велев. Црна точка на школата остана не вклучувањето на Бирото на СИМ и Комесарот за обука на кадри во помош при организирањето на Школата и не давањето на двајца инструктори за вклучување во работата на програмско-едукативниот дел на истата и покрај тоа што како извиднички одред многу врме пред одржувањто писмено се обративме до Комесарот за обука на кадри. Сепак како старешинство на извиднички одред “Димитар Влахов“ сакаме да истакнеме дека во целост сме посветени на обуката на помладите извидници како во Велес така и во Македонија и целосно сме задоволни од реализирањето на оваа 12 по ред Школа за водачи која што е втора организирана како летна школа во низата на Зелениот Еди.

 

проф. Ангелче Гушев

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu