Штафетните трчања се доста интересни и возбудливи не само за натпреварувачите, туку и за оние кој гледаат и навиваат. Тајната на доброр штафетното трчање е доброто увежбување на екипата. Доброто увежбано и примо-предавање на палката исто така е значаен елемен во штафетното трчање и момент преку кои можеме да добиеме на време. Техниката на примо-предавањето на палката зависи од должината на стазата, затоа што штафетната трка може да се реализира во спринт, а може и на средни патеки. Рапоредот на тркачите во спринтерските трки треба да е следен: првата делница треба да ја трча, тркач кои има најдобар старт, а како четврти или последн тркач кои има добар финиш. Штафетната палка се држи на предниот крај. Современата техника на примо-предавање на палката е онаа која што палката се пренесува од стартот до целта со најмалку потрошено време, без запирање и тоа преогајки од рака во рака. Ова значи дека првиот и третит тркач ја носат палката во десна рака, за да би можеле цело време да трчаат во внатрешната страна на патеката. Палката се предава на вториот и четвртиот тркач во левата рака.Примо-предањето се врши во т.н одредена зона за примопредавање која е долга 20м. На ова треба да се додаде уште 10м. т.н. “зона на залет“ во која не смее да се изврши примо-предавање на палката. Тоа служи како простор за убрзување на тркачите кои ја примаат палката. Примо-предањето на палката се врши на одреден знак на пр. “хоп“. Да би се тркачот кои ја прима палката навреме стартува, тој мора да постави контролна марка. Оваа должина е индивидуална за секого. Кога тркачот кој ја носи палката и оној кој ја прима ја изедначуваат брзината на движење и на знак от “хоп“ или пак на некој друг извик тркачот кој ја прима палката со брзо движење ја пружа раката со која треба да прими, а тркачот кој ја носи му ја дава на најбрз начин. Палката може да се дава оддолу нагоре или познато како “школски начи“, но може да се дава и одгоре надолу. За сигурноста на примо-предањето поголема одговорност има оној тркач кој ја предава палката.
Низок стар со штафетна палка
Низок стар со палка во штафетното трчање воопшто не се разликува од редовниот низок старт. Единствено нов елемент е држењето на палката. Воглавно палката се држи помегу палецот и показалецот. Во стартна позиција палката е дозволено да ја помине старната линија и да ја допира подлогата. Палката може да се подава одоздоле или одозгоре и затоа мора на старт да се определиме за начинот на додавање на палката.
Методика на штафетното трање 4 х100 (Старт на штафетата)
-Објаснување на штафетното трчање
-Индивидуално завземање на стартна позиција
-Стартно истрчување
-Стартно истрчување со помош на партнер
Измена на штафетната палка
-Измена на палката во просторот за примопредавање, со користење на контролен знак за старт
-Примопредавање на штафетна палка со натпреварувачки карактер во групи
-Увежбување на приморедавањето во приморедавателниот простор
-Трчање со измена на штафетната палка на цела патека 4 х 100
проф. Ангелче Гушев