Home / Индивидуални спортови / Атлетика / Трчање преку пречки

Трчање преку пречки

Техниката на трчањето преку пречки се состои од четири дела и тоа: старт и стартно трчање до првата пречка, премин над пречката (препонски чекор), трчање помеѓу пречките и  финиш. Нискиот старт кај трчањето преку пречки се реализира во потешки услови одколку во обичните спринтерски трки, затоа што за многу кратко време и растојание до првата пречка треба да се развие максимално голема брзина и тоа под точно одреден број на чекори (осум). За да би се поставиле точно нозете на  местото на одскокот. При преминот над пречката потребен е јак одскок. Притоа доага доскокот кој треба да биде пратен со мало наведнување на раменскиот дел, со што би се постигнала позиција за спринт на следната пречка. Растојанието помеѓу пречките треба да се истрчаат со три чекори . Штом се доскокнува позади пречката, погледот веднаш се насочува на следната пречка и со пол спринт се оди понатаму. Треба да се внимава на следното: пречката треба да се помине што пониско, без скокање, потоа помеѓу пречките потребна е интензивна работа со рацете. Кај трчањето преку пречки за категоријата младинци кои трчаат  100 метри се користат високи пречки  Со висина од 91,4 см и кај трчањето на 110 метри сопречки се користи пречка со висина од 106 см. Кај младинците кои трчаат 100 метри, растојанието од стратот до рвата пречка е 13,72, помегу пречките се мине со три чекори 9,14, а од последната пречка до целта должината е 14,02. Ова растојание се истрчува со полн спринт. Од причина што со зголемувањето на должината на стазата се зголемува висината на пречката доага и до зголемување на физичките напрегања а тоа се однесува на силен одскок, потребно е поголем нагиб на телото над пречката  и зголемена брзина. При метоската обука на ученците се користат следните вежби како што се: препонски сед на пречката, препонски сед во легната положба, вежби на “напад“ на пречката , кружење на коленото над пречката, замавнување со нога напред назад во близина на пречка и др. Покрај тековните вежби, развојот на брзината и скочноста учениците треба да тренираат со спринтери и скокачи. Покрај ова за олабавување на карличниот појас многу корисно е употребата на препонското седење на тло или пак користење на реквизити како што се: пречки, шведски сандак, шведски скали и др.). Вежбите треба да се реализираат во место и во двжење. Порај фи-зичките активности за совладување на трчањето преку пречки, се практикува и користењето на видео снимки од најдобрите “препонаши“, потоа користењето на илустрирани книги, списанија, слајдови.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu