Смечирање

Класичното смечирање (со одскок на обете нозе) најчесто се реализира со залет и одскок на обете нозе. Многу ретко со отскок на една нога , а може и со одскок од место. Разликуваме повеќе видови на смечирање и тоа во однос на местото кое што го завзема ученикот покрај мрежата. Може да има лев, среден, десен како и заден (од задна линија – коректор), но смечот може да биде дијагонален, паралелен или смеч преку блок. При реализацијата на смечот учениците ги поминуваат и ги разликуваат следните фази: залет, одскок, положба на телото во воздух (лет), положба на раката, удар и доскок. Залетот треба да биде долг некаде од 3 до 4 метра – за учениците кои го примаат сервисот, а додека пак учениците на мрежа во фзата на самата игра 1-2 метра, па и без залет. Одскокот трба да биде силен и снажен, а скокот што по висок. Телото на ученикот во фазата на летот треба да биде што повеке свиено наназад. При изведбата на смечот телото во воздухот треба да биде смирено, за да може да се обезбеди добар преглед над блокот и распоредот на одбранбените играчи во полето. При изведбата на ударот, целото тело треба да земе учество, започнувајки од раширеноста на дланката, рацете, рамениците и трупот. При тоа треба да се води сметка да ученикот топката ја контролира со дланката и подлактицата. Целокупното движење треба да биде синхронизирано, затоа што само така се добива силен смеч.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu