Сколиоза и лордоза

Сколиоза е искривување на рбетот во страна, може да биде единечна во облик на буква “C”, двојна кога рбетот се криви на двете страни како буквата “S”, и многу ретко тројна. Нема од надвор видливи очигледни знакови, дури многу често овие деца имаат добро држање што го отежнува благовременото дијагностицирање. Затоа е неопходно децата редовно и внимателно да се прегледуваат и особено внимание да се даде на појава на асиметрија на телото (едното рамо пониско, грудниот кош повеќе истурен на една страна, вдлабнат ребрен лак, нееднакви триаголници на ставата…). За разлика од останатите деформитети кај кои причината е воглавно очигледна, сколиозите се во најголем процент со непозната етиологија па тешко е да се предвиди како ќе напредува што го отежнува лекувањето и давањето на прогноза. За жал некогаш и покрај сите превземени мерки на превенција и адекватно лекување, остануваат трајни последици на коскено мускулниот систем. Затоа е особено важно што порано да се открие деформитетот бидејќи тоа дава поголеми шанси за успех во лекувањето.

Лордоза е пренагласена кривина во лумбалниот дел на рбетот (во крстот). Воглавно е  последица на слабоста на стомачните мускули, но и на деформитет на стапалата и колената кои ги доведуваат нозете и карлицата во неправилна положба што се компензира со нагласена кривина во лумбалниот дел на рбетот. Кога го набљудуваме детето  од страна (од профил) ќе забележиме голем стомак дури и кај изразено слаби деца што се заправо многу ослабени и истегнати стомачни кускули. Иако не се смета за озбилен деформитет кај децата и често не се лекува, а кај подебелите деца поминува дури и незабележано, поради пореметена статика на целото тело во возрасното доба е “слаба” точка на која се појавуваат болки и дегенеративни заболувања.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*