Рамно стапало

Деформитет познат како „рамни стапала„ (пес планус) карактеризира спуштање на сводот и  заземање на валгусна положба при стоење. Причина за настанување На појавата на овој деформатитет  влијае наследниот фактор, но и физичката  неактивност, дебелината и неадекватната обувка. Во основи на заболубвањето се наоѓа лабавост на лигаментарниот апарат кој може да ги зафати и другите зглобови.  Кога не е оптеретено ваквото стапало има нормални агли на табанот. Тежината предизвикува пореметувањето на статиката, бидејќи центарот на  стапалата е во ниво на друга метатарзална коска, детето оди со уфрлување  на предниот дел на стапалото  навнатре. Непријатност на стапалото ретко се јавува во детството. Се препознава со клинички преглед и проверка со плантограм (отпечаток  на хартија)или тродимензионален во специјална сунѓереста пена, односно со  компјутерска анализа на одот. Лекувањето се спроведува со ортопедски чевли со влошки и физикална терапија Лекувањето започнува во најраната возраст со формирање на сводови на стапалото  (до 3-4 години) со вежби за зајакнување на сите структури на стапалото во облик на одење на прсти/пети и особено боси по нерамна површина. Со новите оперативни техники, така наречени arthroereisis имаат за цел темпорерно биомеханички  проприоцептивни корегирања на пронацијата на стапалото во делот субталарно е кстраартикуларно.Тоа се постигнува со разни имплантанти.

 

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu