Доколку добро е совладана техниката на скок во височина “НОЖИЧКИ” од страна на учениците, многу полесно ке се совлада техниката на скок во височина “ФОЗБЕРИ ФЛОП” и покрај тоа што ова техника е доста посложена. Со оваа техника ке може да се скокне повисоко од 20 до 60 сантиметри. Залетот кај техниката “ФОЗБЕРИ ФЛОП” е нешто подолг од кај техниката “НОЖИЧКИ”, кај која залетот е 5 до 8 чекори, а додека кај техниката “ФОЗБЕРИ ФЛОП” е 7 до 11 тркачки чекори. Залетот има кружна форма. Полукружниот залет треба да заврши на одскочната нога. Главната потешкотија преставува преминот од кружен залет во одскок. Меѓутоа главната способност на скокачот е после кружниот залет е тоа што тој се подига во воздух и реализира кружно движење преку летвичката . Последните три чекори пред одскокот , треба да бидат со забрзан ритам на движење (промена на темпо). Одскокот и замавнувањето на свиена одскочна нога е насочен кон внатрешноста (не кон летвичката , туку подалеку од неа) соопштувајќи на телото скокачка ротација долж телото. Замавнувањето со рацете е кратко, скоро незначително. По изразено е замавнувањето со рацете со истоветната замавна нога која е потпомогната со наведнувањето на рамениот појас. Некој скокачи практикуваат замавнување со рацете (рака поблиску до пречката) горе покрај пречката и назад при доскокнувањето. Преминот преку летвичката кај техниката “ФОЗБЕРИ ФЛОП” е грбно преминување. Над самата летвичка скокачот го продолжува спуштањето на левата рака кон целта на пагање со изразено увинување ја подигнува карлицата нагоре. Доскокот или паѓањето после подигањето на карличниот дел е потребно да скокачот правовремено ги исприжи свиените нозе како би го одбегнал рушење на летвичката. За да би се намалило вртењето наназад, скокачот ја пренесува главата нанапред кон граднио кош со што овозможува контрола на моменатлното испружување на нозете и негово преминување преку летвичката. Пагањето или доскокот се врши на грб. Не треба да се заборави дека треба на самиот почеток од залетот да се постави контролна марка и неколку пати да се истрча без скокање, само да може да се се увежба нагласокот за одскок.
проф. Ангелче Гушев