Деформитет познат како „рамни стапала„ (пес планус) карактеризира спуштање на сводот и заземање на валгусна положба при стоење. Причина за настанување На појавата на овој деформатитет влијае наследниот фактор, но и физичката неактивност, дебелината и неадекватната обувка. Во основи на заболубвањето се наоѓа лабавост на лигаментарниот апарат кој може да ги зафати и другите зглобови. Кога не е оптеретено ваквото стапало има нормални агли на табанот. Тежината предизвикува пореметувањето на статиката, бидејќи центарот на стапалата е во ниво на друга метатарзална коска, детето оди со уфрлување на предниот дел на стапалото навнатре. Непријатност на стапалото ретко се јавува во детството. Се препознава со клинички преглед и проверка со плантограм (отпечаток на хартија)или тродимензионален во специјална сунѓереста пена, односно со компјутерска анализа на одот. Лекувањето се спроведува со ортопедски чевли со влошки и физикална терапија Лекувањето започнува во најраната возраст со формирање на сводови на стапалото (до 3-4 години) со вежби за зајакнување на сите структури на стапалото во облик на одење на прсти/пети и особено боси по нерамна површина. Со новите оперативни техники, така наречени arthroereisis имаат за цел темпорерно биомеханички проприоцептивни корегирања на пронацијата на стапалото во делот субталарно е кстраартикуларно.Тоа се постигнува со разни имплантанти.
проф. Ангелче Гушев