Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Ориентација по ориентири

Ориентација по ориентири

Ориентацијата на земјиштето  со помош на ориентири, пред се се поврзува со топографската и тактичката ориентација. Бидејќи на топографското земјиште  (познато или не познато, со или без извршена географска ориентација) во функција на извршување на конкретна активност како на пр. определување сектори и правци на набљудување, покажување и пронаоѓање на објекти (цели), движење во одреден правец, организирање  содејство помеѓу патролите и др. Се користат ориентири кои можат да бидат разновидни  статички (карактеристични) објекти и детали на земјиштето. При изборот ориентирите треба да се води сметка истите да бидат рамномерно распоредени, како фронтално, така длабински  во одреден сектор на дејствување. Изборот на ориентири, зависи од времето и просторот во кој се изведува одредена активност.  Така на пример на планинско земјиште како ориентири најдобро  е да се користат доминантни врвови и возвишенија, карактеристични превои,  маркантни дрвја, карпести отсеци и ред други топографски објекти и детали.  Во услови на ноќ како ориентири најчесто треба да се бараат такви објекти кои можат да се проектираат на небескиот свод. Во зима кога земјиштето е препокриено со снег како ориентири најзгодно е да се бараат разни отсеци, карпи, одрони итн., односно објекти на кои снегот не се задржува и најчесто се темни, како и објектите кои се карактеристични и покрај снежната покривка.  За одржување на правецот на движење како најсоодветни ориентири се линиските  објекти (патишта, реки, гребени, долини и сл.) и разни други објеки лоцирани покрај нив.  Ова особено треба да се користи ако сте изгубени во непознато планинско земјиште.  Ориентирите најчесто ги избира водачот на патролата.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu