Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Ориентација и видови ориентација

Ориентација и видови ориентација

Под поимот ориентација воопшто се подразбира сознание за место полжбата на која се наоѓаме во одреден момент во просторот. Односно поинаку речено ориентација на земјиштето значи да се одреди својата положба (стојна точка или правец на движење) во однос на страните на светот, релјефните облици и земјишните објекти, како статични појави, а ако станува збор за спортски, воени или други активности.

Видови ориентација
Согласно претходно наведеното се констатира дека ориентацијата преставува единствена комплексна целина. Меѓутоа, заради полесно и посоодветно разбирање на проблемот ориентација може да биде:
– географска
– топографска и
– тактичка.

Географска ориентација
Суштината на географската ориентација се состои во одредување и покажување на страните на светот на земјиштето. Притоа заради природните својства на земјата со нејзините магнетни полиња како  почетен најчесто се зема правецот север а потоа во однос на него се одредуваат десно – исток, назат – југ, лево – запад, а соодветно на нив по потреба може да се одредуваат и споредните странина светот.
Правецот север се одредува со помош на:
– предмети и појави во природата
– карта (најчесто крупнорзмерна) и
– со помош на бусолни инструменти.

Топографска ориентација
Топографската ориентација најчесто следува по завршува-њето на географската ориентација. Таа подразбира поблиско запознавање на околните топографски и други објекти и детали на земјиштето. Најчесто се спроведува со споредување на содржината на топографската карта со соодветните геогравски елементи на земјиштето, а во отсуство на топографска карта со одредување правци на карактеристични објекти на земјиштето во однос на страните на светот и одредување на растојание до тие објекти кои потоа се користат како ориентири за различни потреби.

Тактичка ориентација
Во случаите кога станува збор за спортски, воени или друг вид активности после географската и топографската ориентација се врши и т.н. тактичка ориентација.Таа особено е карактеристична за активностите на воените единици и тоа на копно, вода и во воздух. Овој вид ориентација се состои во проценка на сопствената положба во однос на распоредот на дејствата и задачите на сопствените и непријателските единици. Имајќи ги предвид географската и топографската ориентација се покажува што се знае за непријателските единици, распоредот и задачите на сопствените единици и на крај се соопштува тактиката за намерата и постапките на сопствените единици. Ориенатацијата како единствен и комплексен процес мора да се врши постојано со цел во секое време секој од учесниците да знае каде е, каде треба да оди и што треба да направи.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu