Home / Методика на ФЗО / Методика на ФЗО / МОК и физичката активност

МОК и физичката активност

Физичката активност на децата се повеќе го привлекува внимание на светската јавност. Поаѓајки од фактот на појава на тренд на опаѓање на физичка активност на сите нивоа на возраст на деца и адолесценти, а што подоцна го зголемуваат ризикот за појава на голем број на заболувања.   Во таа насока меѓународниот олимписки комитет – МОК,  започнува да формира група на експерти кои ги  сумираат резултатите од сите најнови истражувања, а воедно и проба да и го анализира конкретното значење на физичката активност на децата според здравствениот статус на децата и младите и уште поважно да ги потенцира и да укаже во која насока да се делува во промоција на физичката активност на децата имладите. Генералните заклучоци го истакнуваат она што порано е утврдено: деца и млади со значително намалена физичка активност имаат се повеќе слаб физички статус, мерен преку неколку стандардни показатели (аеробна издржливост, флексибилност, мускулна силина и телесна композиција.  
Сепак донесен е и посебно интересен заклучок поврзан со значењето на физичкото воспитување во целокупната физичка активност ! Утврдено е дека училиштето е место кое што има најголеми потенцијали  за влијание на нивото на физичката активност, но потребно е да се направат коренити промени ! Пред се неопходно е со децата и младите  да работат квалификувани стручни лица за настава по физичко воспитување од најмала возраст  ! Исто така сите воннаставни активности во рамките на училиштето потребно е да бидат подредени кон акција за зголемување на нивото на физичката активност на децата и младите, за што повторно би биле задолжено наставниците по физичко воспитување ! Конечно потребно е и да училишниот курикулум содржи НАЈМАЛКУ 3 час настава за физичко воспитувањесо минимални 120 – 180 минути неделно! По се изгледа да  Олимпискиот комитет индиректно го искажува она што стручните лица од областа на физичкото воспитување  многу одамна го промовираат: Здравјето на децата на прво место, а потоа доаѓаат “фундаменталните предмети“. Официјалниот став на меѓународниот олимписки комитете – МОК е објавен во септемвриската ревија на списанието “British Journal of Sports Medicine“ за 2011 година.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu