Хексагон тест

Испитаникот стои на површина на која што е исцртан шестоаголник. Секоја страна е одбележана со буквите A, B, C, D, E, E и  F (утврдени полиња). Испитаникот стои на средината на позиција А. Реализацијата на овој тест започнува со команда старт, каде што испитаникот почнува со споени нозе да ја поминува линијата, а воедно и да се враќа назад во шестоаголникот. Испитаникот постојано прави влез и излез од сите позиции на од A до F. Испитаникот го завршува тестот со реализација на два циклуса на влез и излез кај сите полиња. Движењето во шестоаголникот е во насока на часовникот. После пауза од 5 минути следи нова серија. За испитаници до 12 години една страна на шестоаголникот треба да е 50 см., а додека за испитаници над оваа возраст – 24 инчи (60,5 см).

 

Целта на овој тест: тестирање на способност за брзо движење и одржување рамнотежа.

Опрема која е потребна: мерна лента , креда или лента за обележување земјата, стоперката

Постапка: Користење на на лента,за  означување на шестоаголна површина на подот. Должината на секоја страна треба да биде 24 инчи (60,5 см), а секој агол треба да биде 120 степени.

 

 

 

 

Можете да го видите тестот во целост на : http://www.youtube.com/watch?v=SpvhKsJgtqk

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu